Барние: Се уште има многу прашања и малку одговори околу Брегзитот

Од:

Се уште има премногу прашања и премалку одговори во разговорите меѓу ЕУ и Велика Британија за нејзиното напуштање на блокот, изјави денеска главниот преговарач на Унијата за Брегзитот, Мишел Барние.

Барние како клучни спорни теми ги посочи заштитата на податоците, соработката меѓу полициските и судските власти, како и примената на идниот договор за Брекзита.

– Имаме да изодиме долг пат, но немаме многу време. Октомврискиот совет брзо се приближува, додаде тој.

Барние повика да не се драматизира ситуација околу договорот меѓу Лондон и Даблин.

– Во крајна линија има само прашања во врска со техничката контрола на стоките – ниту повеќе, ниту помалку, рече преговарачот на ЕУ и истакна дека очекува да го види британскиот политички документ за идните односи со ЕУ, кој треба да биде објавен следната недела.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија