Бан: Целта на ОН за запирање на ширењето на ХИВ/СИДА ќе биде постигната до 2015 година

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун изјави дека целите на ОН за запирање на ширењето на СИДА и преобраќање на трендот на раст на заразите ќе биде постигнат до 2015 година.

Пред Генералното собрание на ОН Бан нагласи дека наспроти значителниот напредок постигнат во таа насока, треба да се вложат повеќе напори во борбата против ширењето на СИДА во реоните, во кои случаите на зараза се најмногу. Тој предупреди дека за тоа се неопходни дополнителни средства.

Бан истакна дека над 56 земји го стабилизирале ширењето на ХИВ/СИДА и го преобратиле трендот на нови зарази. Според него, над половина од заразените од земјите со ниски и средни приходи добиваат соодветна терапија.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

Орце Костов

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата