Бајден не жали што го нарече Путин „убиец“

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден не жали што својот руски колега Владимир Путин го нарече „убиец“, изјави денеска неговата портпаролка Џен Псаки.

-Не, претседателот одговори директно на директно прашање, рече Псаки, запрашана дали Бајден можеби жали за дадената изјава.

Во интервју за американската телевизија Еј-Би-Си, Бајден рече дека Путин „ќе плати за своите злосторства“ и одговори потврдно на новинарско прашање дали смета дека рускиот претседател е „убиец“.

Москва веднаш го повлече својот амбасадор во САД на консултации, по коментарите на Бајден за рускиот претседател.

Би можело да ве интересира

Бајден по пресудата: „Горд сум на мојот син“

Путин: Арктикот е многу важен за Русија, главните ресурси се таму

Западот ја премина црвената линија на Путин: Ние ќе ги вооружиме вашите непријатели

Русија и се закани на Франција

Катерина Ѓуровски

Хамас објави дека го одобрува планот на Бајден за мир во Газа, Израел испрати преговарачи

Катерина Ѓуровски

Бајден потврди дека Израел му понудил примирје на Хамас: Време е оваа војна да заврши