Бајден: Нападот на Хамас нè потсетува на холокаустот, повеќе нема да стоиме настрана

Од:

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека САД ќе направат се за да се осигура дека земјата е повторно безбедна и дека го поддржуваат решението за две држави.

Бајден ги охрабри Израелците и рече дека огромното мнозинство Палестинци не се поврзани со Хамас, додавајќи дека и палестинскиот народ страда, објави Ројтерс.

Американскиот претседател го спомена нацистичкиот холокауст од Втората светска војна, нагласувајќи дека Израел има поддршка од своите пријатели.

„Нема да стоиме настрана и повторно да не правиме ништо – ниту денес, ниту утре, ниту никогаш“, рече тој.

Бајден рече и дека разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за хуманитарни прашања, безбедносна помош и информации за исчезнати Американци.

„Ќе продолжиме да го одвраќаме секој актер кој сака да го прошири овој конфликт“, рече Бајден во објавата на социјалната платформа X. Претходно денеска, во разговор со Нетанјаху, американскиот претседател го пофали херојството на Израелците – цивили кои се бореа против терористите , медицински лица кои лекуваа жртви, резервисти кои оставија се за да си ги спасат животите за време на нападот на Хамас, објави The Times of Israel.

„Државата Израел е родена да биде безбедно место за членовите на еврејскиот народ, па иако тие можеби не се чувствуваат така денес, Израел повторно мора да биде безбедно место за нив“, рече тој.

Американскиот претседател нагласи и дека палестинскиот народ „исто така многу страда“, мислејќи на Палестинците кои ги загубија животите, пренесе Би-Би-Си.

„Бев огорчен и тажен поради огромната загуба на животи во Газа по синоќешната болничка експлозија“, вели тој, додавајќи дека доказите во овој момент укажуваат на „ракетата истрелана од терористичка група во Газа“.

Тој додаде дека на луѓето во Газа им треба храна, вода, лекови и засолниште и дека „итната помош е наменета за цивилите, а не за Хамас“.

„Ако Хамас ја пренасочи помошта за друга страна, тоа уште еднаш ќе покаже дека не се грижат за благосостојбата на палестинскиот народ“, рече тој. Бајден додава дека работи со партнери во регионот, како што е Египет, за да се осигура дека помошта може да стигне до Појасот Газа.

Американскиот претседател и порача на „секоја земја или непријателски актер што размислува да го нападне Израел – немој, немој, немој!“.

Тој го опиша нападот на Хамас врз Израел како 11 септември за таа земја. Тој додаде дека нема поголем приоритет од ослободувањето и безбедното враќање на заложниците заробени од Хамас.

Бајден, исто така, истакна дека секогаш ќе носи „црна дупка“ во себе поради загубата на сопствениот син, кога кажа колку сочувствува со израелските семејства кои ги загубија своите најблиски.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Хамас, Хути и Хезболах му изразија сочувство на Иран: Ни беше голем брат

Катерина Ѓуровски

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Бајден го осуди атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо

Бајден го покани Трамп на ТВ-дуел: Разубави ми го денот пријателе, слушам дека си слободен во среда

Вашингтон му нуди на Израел разузнавачки информации за лидерите на Хамас во замена за откажување од нападите врз Рафах