Бајден ќе ја прифати номинацијата на Демократите преку интернет

Од:

Поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден поради коронавирусот нема да отпатува во Висконсин, каде ќе се одржи партиска конвенција за прифаќање на претседателската номинација на Демократската партија, а конвенцијата најверојатно ќе се одржи виртуелно, според партиски функционери.

Одлуката Бајден да не дојде во Милвоки, каде демократите планираа да одржат повеќедневна конвенција на која тој би ја прифатил претседателската номинација, веројатно значи дека настаните од 17-20 август ќе се одржат речиси целосно виртуелно.

Бајден ќе ја прифати номинацијата и ќе одржи говор од својот дом во државата Делавер, објави Демократската партија.

Републиканскиот претседател Доналд Трамп, од друга страна, вчера изјави дека „веројатно“ ќе одржи говор, по повод прифаќањето на претседателската номинација на републиканците, подоцна овој месец од Белата куќа.

Би можело да ве интересира

Бајден ја продолжи националната вонредна состојба за Западен Балкан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Бајден повторно се „изгуби“, залута во празно па им салутираше на Зеленски и Мелони

Бајден по пресудата: „Горд сум на мојот син“

Хамас објави дека го одобрува планот на Бајден за мир во Газа, Израел испрати преговарачи

Катерина Ѓуровски

Бајден потврди дека Израел му понудил примирје на Хамас: Време е оваа војна да заврши

Бајден и дозволи на Украина ограничено користење американско оружје за напади во Русија