Бајден изјави дека ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора

Од:

Претседателот на САД Џо Бајден денеска изјави дека ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора, по нејзината смрт завчера.

-Да. Се уште не ги знам деталите, но ќе одам, им кажа Бајден на новинарите за време на патувањето за Охајо.

Датумот и деталите за погребот на кралицата не се утврдени, но ќе бидат објавени „во догледно време“, според Бакингемската палата. Погребот се очекува да се одржи во следните 10 дена во Вестминстерската опатија во центарот на Лондон.

Бајден ја познава кралицата три децении и се сретна со неа три пати, последен пат во јуни 2021 година, кога таа им беше домаќин нему и на првата дама во замокот Виндзор за време на нивната посета на Велика Британија за да присуствуваат на самитот на лидерите на Групата седум.

Според актуелниот план, претседателот Бајден, заедно со други светски лидери, на 19 септември е планирано да биде во Њујорк, на почетокот на Генералното собрание на ОН. Но планот најверојатно ќе се смени.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Писмо на кралицата Елизабета од 1966 година продадено на аукција во Германија

Ана Ололовска

Официјално откриен надгробниот споменик на Елизабета Втора

Ана Ололовска

Погребот на кралицата Елизабета го надмина тој на Тито по посетеност

А1он

Елизабета Втора штотуку е погребана, а веќе се прават планови за нов кралски погреб

А1он

(ВИДЕО) Кралот Чарлс повторно ја шокираше јавноста: Прескокна црнец додека се ракуваше со ожалостените

А1он

Трамп го исмејуваше Бајден за тоа каде седел на погребот: Да бев јас, ќе бев во првиот ред

А1он