Багаш: Турција е одлучна да и се приклучи на ЕУ, но покажува слаб интерес за воведување на еврото

Од:

Турција е одлучна да се приклучи кон ЕУ, и покрај засиленото разочарување од долгогодишните преговори за ова прашање, но покажува слаб интерес за воведување на еврото, соопшти во својот вчерашен говор во Лондон турскиот министер за ЕУ, Егемен Багаш, цитиран од британските медиуми.

Багаш изјави дека е време ЕУ да одлучи дали Турција може да се приклучи кон Унијата и додаде дека на неговата земја треба да и се дозволи да влезе во ЕУ дури и доколку некои земји имаат резерви.

Разговорите за евроинтеграцијата на Турција првично почнаа во 1963 година,а  официјално почна да преговора за присоединување кон ЕУ во 2005 година.

Од вкупно 35 преговарачки поглавја Турција досега затвори само едно, што се однесува на науката и истражувањата. Неколку поглавја се блокирани заради турското непризнавање на Република Кипар, што како последица има Турција да не го почитува во целост договорот за царинска унија со ЕУ.

Други преговорачки поглавја се блокирани од политички причини од различни земји членки, меѓу кои Франција.

-Ние сакаме да сме во ЕУ, но ЕУ треба да донесе одлука. Одлуката за почнување на преговорачкиот процес со Турција беше едногласна одлука и само едногласна одлука може да го заврши овој процес, посочи Багаш.

Ако има принцип на ЕУ што сакам да го критикувам тоа е принципот за еднгласност. Една единствена земја членка-Република Кипар, може да го блокира отворањето на поглавјето за енергетика, рече Багаш, обвинувајќи го Кипар дека цела ЕУ ја држи како „заложник“.

Ентузијазмот за членство во ЕУ меѓу турското општество се намалува на одгласите на економските тешкотии на ЕУ и посебно на должничката криза, која засегна некои земји членки, но Багаш изрази увереност дека доколку во земјата се организира референдум за членство во ЕУ, тој ќе заврши со успех.

Турскиот министер додаде дека не е така сигурен за прашањето за приклучување кон еврозоната. Тоа може да создаде проблеми за членството на Турција ако се има предвид дека присоединувањето кон зоната на единствената европска валута е услов за прифаќање. Но Багаш изјави дека економските околности и отпорот кон еврото може да се променат, додека се постигне спогодбата за присоединувањето на Турција.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски