Азил за Сноуден во Венецуела е најдоброто решение, смета руски пратеник

Од:

Ако поранешниот припадник на ЦИА Едвард Сноуден добие азил во Венецуела, „тоа ќе бдие најдоброто решение“, наведува на Твитер Алексеј Пушков, претседател на надворешно политичка комисија во Државната дума.

– Азил за Сноуден во Венецуела ќе биде најдоброто решение. Таа држава е во остар конфликт со САД. Полошо нема да биде, објаснува рускиот пратеник.

– Тој едноставно не може да живее на Шереметјево, додава Пушков.

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро понуди азил на поранешниот соработник на ЦИА, Едвард Сноуден, во момент кога Вашингтон бара негово апсење заради откривање детали за тајна американска програма за шпионирање.

– Во име на достоинството на Јужна Америка, одлучив на Едвард Сноуден да му понудам хуманитарен азил, изјави Мадуро синоќа за време на воена парада по повод Денот на независноста на Венецуела.

Сноуден најверојатно е се уште во транзитното одделение на московскиот аеродром Шереметјево од каде досега побара азил во повеќе од 20 држави меѓу кои и Венецуела.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател