Австриските власти ги сместуваат бегалците во автобуси

Од:

Ситуацијата во австрискиот град Трајскирхен, во близина на Виена, каде што се наоѓа прифатниот центар за азиланти, е многу тешка, а властите новопристигнатите бегалци почнуваат да ги сместуваат во автобуси.

Во прифатниот центар од минатата недела е прекинат приемот на нови азиланти, откако нивниот број надмина 4.000, а објектот има само малку повеќе од 2.000 места за спиење. Моментно во близина на центарот се наоѓаат 11 автобуси, кои служат како „чекалница“ за новите бегалци.

Според весникот „Стандард“, азилантите мора во автобусите да го поминат времето до првото испитување и здравствениот преглед. Секојдневно во возилата се сместуваат повеќе десетици азиланти, меѓу кои има и семејства со деца. Голем број од нив спиеле пред автобусите под отворено небо или на подот во возилата.

Австриското Министерство за внатрешни работи соопшти дека властите се заинтересирани за што е можно побрз натамошен транспорт на бегалците.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче