Австрија затвори голем дел од помалите гранични премини со Словенија

Од:

Австрија донесе одлука од полноќ да ги затвори речиси сите помали гранични премини кон соседна Словенија, јави дописникот на МИА до Љубљана.

Ваквата одлука ја објави словенечкото Министерство за надворешни работи, а стапи на сила од полноќ. Сепак, се уште отворени остануваат големите гранични премини Караванке, Шентиљ, Горња Родгона и Љубељ.

Австриската амбасадорката во Словенија Сигрид Берка, на социјалните мрежи напиша дека ваквата одлука е донесена со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

До сега во Австрија се потврдени 1.132 случаи на лица заразени со коронавирусот, а се направени вкупно 10.278 тестирања.

Би можело да ве интересира

Словенија ја призна Палестина

Предраг Петровиќ

Малолетничка од Црна Гора сакала да изврши напад во Грац

Горан Наумовски

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски