Австрија предлага седум точки за реорганизација на ЕУ

Од:

Австрискиот канцелар Кристијан Керн побара враќање на начинот на дебати во Еропската унија, што владееше за време на приемот на Австрија во Унијата во 1995 година и наведе седум точки кои се важни за реорганизарње на Унијата.

Тој, во дебата во Виена во организација на Австриското здружение за европска политика, оцени дека граѓаните на Австрија во блиското минато „испиле преголема голтка од шишето на популизмот“, истакнувајќи дека насловите во весниците имаат поголемо влијание од обидите да се „одигра сериозна улога на европското тло“.

Кога станува збор за седумтте точки за реорганизација на ЕУ, Керн нагласи дека прво е потребно економската и монетарната унија да бидат надополнети првенствено со координација на даночната политика.

Тој понатаму побара даночна правда, односно спречување на даночните оази, како и укинување на бенефициите за корпорациите.

Исто така, оцени дека Унијата треба да се бори против дампинг платите, како и дампинг социјални услуги.

Керн наведе дека преку инвестиции во иднина треба да се создаде слично ниво на благосостојба во сите земји на ЕУ.

Тој смета дека треба да се инсистира на фер политика во трговијата, како на пример преку раздвојување на трговијата и заштитата на инвеститорите во договорите за слободна трговија.

Керн потенцираше дека мора да се штитат заедничките европски вредности, при што, како што нагласи, „либерализмот и демократијата“ се неразделни.

Во врска со миграцијата, тој побара распределба на товарот меѓу сите земји членки на ЕУ.

Како краткорочна мерка Керн ја наведе солидната заштита на надворешните граници, како и контролата на мигрантските рути.

Тој посочи дека сака ЕУ да се врати на она што била некогаш, а тоа е „проект на надеж“, кој ја уживаше поддршката на граѓаните.

– За тоа мораме да ги обновиме ветувањата на Европа за безбедност и благосостојба, увери Керн.

Тој побара ЕУ да стане центар на моќта покрај САД, Кина и Русија.

– Ниту еден друг регион, не успеа демократијата, економската динамика и социјалната правда така успешно да ги комбинира како Европа, додаде Керн, нагласувајќи дека најголема закана на европскиот проект е политичкиот егоизам.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Србин е уапсен во Австрија за силување жена