Австрија ќе направи реформа на законот за азил

Од:

Министерката за внатрешни работи на Австрија, Јохана Микл Лајтнер поради зголемениот број на азиланти од Косово има намера целосно да го реформира законот за азил.

Таа сака да го забрза процесот на одлучување за молбите за добивање азил, на луѓе кои доаѓаат од државите кои се сметаат за „безбедни“.

Конкретно е предвидено постапките повеќе да не се спроведуваат во Трајскирхен и Талхам, туку таму каде што азилантот доставил молба, односно експозитурите на Сојузните служби за странци и азил да ги решаваат барањата.

Тоа значи дека азилантите повеќе нема да бидат упатувани во некои од покраините, туку по кратка прва проценка на молбата, за два до три дена поминати во привремени прифатилишта ќе добијат нормален престој.

Законот предвидува бегалците рамномерно да се распоредат во покраините, а таканаречените „Даблински случаи“ за кои е надлежна друга држава да се сместат во прифатни центри.

Брза постапка за решавање на молбите за десет дена ќе важи за одредени групи азиланти, кои доаѓаат од „безбедните држави“ меѓу кои се и државите од поранешна Југославија.

Во случај молбата да биде одбиена нема да има можност за одлагање на одлуката за напуштање на државата, а тоа значи дека е можно протерување доколку Административниот суд не вложи жалба.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче