Австрија: Десет лица осудени на затворски казни за обид да се приклучат на исламисти во Сирија

Од:

Австриски суд денеска изрече казни до три години затвор за 10 лица, кои се обиделе да се поврзат со радикални исламисти во Сирија.

Турчин, обвинет за организирање на транспорт за група Чеченци, е осуден на три години затвор, додека останатите добија до 34 месеци. Еден од обвинетите, кој за време на притворот во август се уште не бил полнолетен, доби едногодишна условна казна.

Пресудите може да бидат обжалени. Некои од обвинетите изјавија дека само сакале да одат на одмор или дека сакале да живеат во исламска држава.

Обвинителството бараше пресуди од една до десет години затвор за учество во терористичка организација.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче