Австралиски тинејџер имал среќа да избегне сигурна смрт откако бил каснат од најотровната змија на светот.
17-годишникот влегол во една болница во малиот град Kurri Kurri, северно од Сиднеј, во средата попладне со гризнатина на левата рака.
Според извештаите, неговиот пријател носел пластична кутија во која била змија, кој подоцна била идентификувана како Таипан една од најотровните змии.
Оваа змија е позната како една од најотровните змии, тоа се должи на силата на нејзиниот отров.
Со неколку капки од отровот на оваа змија е доволно да усмрти 100 возрасни мажи. Оваа змија обично живее во срцето на пустините на Австралија и не е нормално да се појави на оваа територија.
Според лекарите, брзото лекување на момчето со помош на анти-отровот било од клучно значење за неговиот опстанок, а од каснувањето на оваа змија може да убие некого за помалку од 45 минути.
Змијата Таипан може да порасне и до 2,5 метри во должина, а исто така има и отровни заби со големина од 12mm.