Австралиски сенатор уапсен во Малезија

Од:

Малезиските власти уапсија австралиски политичар на аеродромот во Куала Лумпур и се очекува тој да биде екстрадиран, јави БТА.

Според Канбера случајот е „разочарувачки и изненадувачки“.

Ник Ксенофон во Куала Лумпур пристигнал со цел да разговара со властите и опозицијата за претстојните избори во земјата. Тој е познат како активист за човекови права во Малезија.

Независниот австралиски сенатор претходно упати сериозни критики за изборниот систем за Малезија. Тој е уапсен на меѓународниот аеродром во главниот град Куала Лумпур при пристигнувањето од Мелбурн.

– Тој ме информира дека е депортиран, изјави Амбига Сриневасен, активистка, адвокат и копретседател на груапата за изборни промени „Бери“.

Властите во Малезија се уште не објавија инфорамции околу причините за апсењето на Ксенофон. Според активистката Сриневасен апсењето е извршено врз основа на законот за заштита на безбедноста, бидејќи властите сметата дека тој претставува ризик за безбедноста на државата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион со заглавени тркала слета на аеродром во Австралија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он