Авион со туристи се урна над платото Наска во Перу

Од:

Седум лица загинаа денеска во несреќа на мал авион кој леташе над геоглифите (древни теренски цртежи) на платото Наска во Перу, објави весникот „Ел Комерсио“.

Според изданието, во авионот се наоѓале пет туристи и двајца пилоти. Патниците биле државјани на САД, Чиле и Холандија. Засега не е позната причината за несреќата.

Летовите над геоглифите на Наска се исклучително популарни меѓу туристите кои доаѓаат во Перу. Во 1994 година геоглифите се прогласени за светско културно наследство на УНЕСКО.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се урна авион во Непал, 18 мртви

ВИДЕО: Разорен земјотрес од 7,2 степени според Рихтер го погоди Перу

ВИДЕО: Авион се урна на автопат на Флорида, двајца мртви

ВИДЕО: Четворица го преживеаја падот на рускиот авион во Авганистан, се трга по двајца

ВИДЕО: Се урна руски патнички авион

Катерина Ѓуровски

Перу прогласи вонредна состојба на границата со Еквадор