Авганистански талибанци разговарале со ирански официјални претставници

Од:

Иран денеска потврди дека делегација на талибанците го посети Техеран и разговарала за напорите за ставање крај на 17-годишната војна во Авганистан.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Бахрем Газеми, изјави дека делегацијата пристигнала вчера и се состанала со иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Абас Аргчи.

Газеми истакна дека двете страни разговарале за безбедносни прашања со цел постигнување мировен процес во Авганистан.

Овие разговори не се први меѓу талибанците и иранските официјални претставници.

Секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Шамхани потврди минатата недела во Кабул дека таквите разговори се одржувале во минатото и ќе продолжат да се одржуваат.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел