Аунг Сан Су Ќи најави намалување на армиското влијание во политиката

Од:

Лидерот на мјанмарската владејачка Национална лига за демократија (НЛД), Аунг Сан Су Ќи најави дека со амандмани ќе биде променет Уставот на Мјанмар, со што ќе се намали политичкото влијание на армијата, која владееше со змејата во последните 54 години.

Иако на изборите во лани ноември НЛД освои апсолутно мнозинство, постојниот Устав овозможува армијата да има 25 отсто членови на Парламентот, а по автоматизам ги добива министерствата за внатрешни работи, одбрана и гранична контрола.

Во пораката до нацијата по повод почнувањето на будистичката Нова година, Аунг Сан Су Ќи најави дека ќе има уставни промени што ќе овозможат во периодот на петгодишна транзиција од воена кон цивилна управа, Мјанмар да живее како демократска заедница.

Како свој залог за успешно завршување на преговорите со армијата, Аунг Сан Су Ќи индиректно вети дека нема да бара да се укине уставната забрана, според која, таа и други жители на Мјанмар не можат да бидат избрани за претседател на државата, затоа што имаат и странско државјанство или биле во брак со странци.

Аунг Сан покрај мјанмарското има и британско државјанство, затоа што била во брак со државјанин на Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар