Аунг Сан Су Ќи: Мјанмар подготвен да организира враќање од Бангладеш на Рохинџите

Од:

Мјанмар е подготвен да организира враќање на повеќе од 140.000 Рохинџи кои побегнаа во соседен Бангладеш по спроведената антитерористичка операција, изјави претседателката на Мјанмар Аунг Сан Су Ќи.

– Подготвени сме да започнеме проверка на идентитетот на бегалците со цел нивно враќање…Загрижени сме поради фактот што голем број муслимани заминаа во бангладеш. Мораме да провериме зошто се случува тој егзодус, изјави Аунг Сан Су Ќи во телевизиското интервју, три седмици по судирите во западниот дел на земјата.

Говорот на добитничката на Нобеловата награда за мир се очекуваше со нетрпение, измајќи предвид дека досега изразуваше безрезервна поддршка за војската, обвинета за кршење на човековите права.

– Осудуваме секако кршење на човековите права, изјави Су Ќи, притоа не споменувајќи ја војската, обвинета за палење села и убивање цивили.

Рохинџи е етничко муслиманско малцинство во Мјанмар. Припадниците воглавно живеат во државата Ракин во западниот дел земјата. Властите не ги признаваат за државјани, а будистичкото мнозинство со децении е обвинувано дека ги дискриминира и врши насилство над нив. Во Мјанмар и Ракин живее 10 проценти од светското население кое нема државјанство.

Во 2012 година, судирот на Рахинџите и будистичките националисти резултираше со бројни убиства, и бегство на десетици илјади луѓе во Бангладеш, Малезија, Тајланд и Индонезија. Околу 200 илјади луѓе- воглавно Рохинџи, оттогаш живеат во бегалски кампови во Ракин. На 25 август, милитантни припадници на Рохинџите нападнаа неколку контролни пунктови на мјанмарската полиција, убивајќи голем број полицајци, по што безбедносните сили одговорија со антитерористичка операција против бунтовниците. Меѓународната заедница оцени дека жестокиот воен одговор е прекумерната употреба на сила мора да запре.

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар