АстраЗенека нема да ги испорача сите договорени вакцини во ЕУ во вториот квартал

Од:

Компанијата АстраЗенека ја известила Европската унија дека ќе достави помалку од 90 милиони дози од вакцината против коронавирус на Унијата во вториот квартал, јавија светските агенции повикувајќи се на неименуван претставник на ЕУ.

Според дипломатот од ЕУ, кој директно учествувал во преговорите со британско-шведскиот производител на лекови, тоа значи дека АстраЗенека ќе испорача помалку од половина од бројот на договорени вакцини на ЕУ во вториот квартал.

Според договорот на АстраЗенека со ЕУ, кој протече во јавност минатата недела, компанијата се обврзала да испорача 180 милиони дози на Унијата во вториот квартал.

Доколку се намалат дозите на вакцините, тоа може да влијае на способноста на ЕУ да ја постигне целта за вакцинирање на 70 проценти од возрасните до лето.

Дипломатот на ЕУ, кој барал да остане анонимен, потврди дека АстраЗенека планира да испорача околу 40 милиони дози во првиот квартал, што е повторно помалку од половина од 90 милиони дози што требаше да ги испорача.

Портпарол на компанијата изјави дека се надеваат оти ќе можат подобро да ги усогласат испораките со авансниот договор за набавка на вакцини.

Претставници на Европската комисија, која ги координира преговорите со производителите на вакцините, одбија да ги коментираат информациите.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески