Асад верува во победа

Од:

Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека е потполно уверен во победа над опозицијата, во крвавата граѓанска војна и најави дека ќе се кандидира на претседателските избори во 2014 година, доколку „народот тоа ќе го посака“.

-Светска војна се води против Сирија и Израел, но потполно сме уверени во победа, рече Асад за медиум на шиитското движење Хезболах.

Тој потврди дека официјален Дамаск во принцип ќе присуствува на мировните преговори со сириската опозиција, но секој постигнат договор ќе мора да биде одобрен на народен референдум.

Истовремено Асад најави дека ќе се кандидира на претстојните претседателски избори во Сирија закажани за 2014 година.

-За тоа прашање ќе се решава кога ќе дојде време. Доколку почувствувам дека е потребно да се кандидирам, за тоа ќе одлучам по консултации со народот, но нема да размислувам дали да го направам тоа – изјави претседателот на Сирија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град