Асад прогласи амнестија за дезертерите од вооружените сили

Од:

Сирискиот претседател Башар ал Асад издаде указ со кој прогласува општа амнестија за дезертерите од вооружените сили, кои го нарушиле законот за задолжителна воена обврска, соопшти државната телевизија.

Указот гласи дека се укинуваат казните за илјадниците дезертери, вклучувајќи во и надвор од Сирија.

Сириската армија, една од најмногубројните во регионот, беше ослабена од четиригодишното востание.

Таа се бори на неколку фронта против исламски бунтовници и ултрарадикални џихадистички борци, кои зазедоа значителни делови од територијата.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град