Асад предлага конференција за помирување со оние кои не ја издале Сирија

Од:

Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска во својот говор го изнесе мировниот план, кој вклучува конференција за мир „со оние кои не ја издале Сирија“, а потоа формирање нова влада и амнестија.

– Првата фаза од политичкото решение е регионалните сили да престанат да ја вооружуваат опозицијата, да им стават крај на терористичките операции и да не ја контролираат границата. Ние нема на водиме дијалог со марионетите на Западот, истакна Асад во првиот јавен говор од јуни минатата година.

Според него, Владата „нема пронајдено партнер“ за политичко решение на кризата во земјата, но тоа не значи дека не е заинтересирана за решавање.

– Судирот во Сирија не е есудир меѓу Владата и опозицијата, туку меѓу нацијата и нејзините непријатели. Една работа е сигурна, а тоа е дека денес сме соочени со оние кои ја застапуваат идеологијата на Ал Каеда, додаде сирискиот претседател, повторувајќи дека „зад бунтот во земјата стојат странски терористи“.

Тој додаде дека жали поради страдањата на својот народ во граѓанската војна, а своите противници ги нарече „непријатели на народот и на Господ“.

Според Асад, противењето на неговиот режим не е револуција.

– За тоа се потребни луѓе кои тоа ќе го осмислат, потребна е идеја и раководство. А кој е лидер на оваа револуција?, запраша сирискиот претседател, оценувајќи дека бунтовниците се само „голема група криминалци“.

Според податоците на ОН, во бунтот против режимот на Асад, кој започна во март 2011 година, загинале повеќе од 60.000 луѓе. Дипломатските напори за прекин на судирите досега не дале резултати.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град