Асад положи заклетва за нов седумгодишен мандат како претседател на Сирија

Од:

Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска положи заклетва за нов седумгодишен претседателски мандат, на церемонија што се оддржа во претседателската палата во Дамаск, која беше пренесувана на државната телевизија, јави ДПА.

– Се колнам дека ќе го почитувам Уставот и ќе го чувам народот на Сирија, изјави тој во заклетвата.

Асад минатиот месец победи на претседателските избори, кои покажаа дека се уште цврсто ја држи власта и покрај тригодишната граѓанска војна во земјата.

Неговите опоненти изборите ги оценија како измама. Тие се оддржаа само во регионите на земјата кои под контрола на владините сили.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град