Асад одбива разговори со опозицијата финансирана во странство

Од:

Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека не прифаќа да преговара со опозициските групи подржувани од Западот, кои тој ги нарече „марионети“.

Во интервју за списанието „Форин Аферс“, Асад доведува во прашање и каков било дијалог со луѓето кои се „платени од странство“. Тој смета дека сирискиот конфликт може да се реши само со политичко решение, но вели дека одбива да разговара со опозициските групи кои се создадени и делуваат во странство.

Асад тврди дека соработка со опозициската Национална коалиција, финансирана и подржувана со странски пари, одбиваат и опозициските групи кои дејствуваат на сириската територија.

– Ако некој тврди дека е опозиција тој мора да биде во земјата, делејќи ги интересите на Сирија и на Сиријците. Не може да се нарекуваат опозиција оние кои се обични марионети на тие што ги плаќаат, како Катар, Саудиска Арабија или Западот, вклучувајќи ги и САД. Опозицијата мора да биде сириска, вели сирискиот претседател.

Асад го осуди планот на САД да ги финансира „умерените бунтовници“ за борба против ИД. Според сирискиот претседател, таквата одлука е „илегална и илузорна“.

Тој вели дека донесувањето на пет илјади бунтивници од надвор ќе значи само толку нови борци за Исламската држава (ИД) и за сличните џихадистички групи.

Сирискиот претседател одново ја обвини Турција дека ги финансира и вооружува џихадистите, со што го објаснува и нивното успешно опстојување и покрај американските воздушни напади на нивните позиции.

– Дали САД извршија притисок врз Турција да не ги подржува џихадистите? Не го направија тоа, вели Башар ал Асад во интервју за „Форин Аферс“

Интервјуто со сирискиот претседател е направено на почетокот од четиридневната конференција за Сирија во Москва. На конференцијата одби да учествува опозициската Националната колација, но петмина нејзини припадници, сепак, заминаа во Москва за да учествуваат на конференцијата во „лично својство“.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град