Асад обвинет за злосторства против човештвото

Од:

Според најновиот извештај на „Хјуман Рајтс Воч“ во Сирија се кршат сите човекови правила и прописи. Државата води широко распространета политика на санкционирање, тортура и злоупотреба на мажи, жени и деца кои се уапсени, мачени, силувани, па дури и со електро -шокови се принудувани да признаат учество во протестите или нападите врз режимот на Асад.

Организацијата вели дека интервјуирала повеќе од 200 поранешни затвореници кои страдале во таканаречениот „остров на тортура“ каде што врз нив, започнувајќи од март 2011 година, биле употребени најужасните методи на мачење.

Повеќето од жртвите биле млади лица помеѓу 18 и 35 години, но имало и постари луѓе, кои изјавиле дека биле злоупотребени.

Извештајот укажувајќи на овие „акции“ на режимот кои се злосторства против човештвото бара Башар ал-Асад да се најде пред Меѓународниот кривичен суд.
Од Сирија за сега нема официјален одговор на обвинувањата, освен постојаното образложение дека државата веќе има прогласено воена состојба и дека ситуацијата е надвор од контрола.

Повеќето од жртвите биле млади лица помеѓу 18 и 35, но имало и постари луѓе, кои изјавиле дека биле злоупотребени.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град