Асад ќе одржи говор за ситуацијата во Сирија

Од:

Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска ќе одржи говор за, како што се очекува, судирите во земјата кои траат повеќе од 20 месеци, објавија државните медиуми.

– Претседателот Башар ал Асад во недела изутрина ќе одржи говор за последните случувања во Сирија и регионот, наведува државната новинска агенција.

Просирискиот либиски весник „Ал Акбар“ вчера објави дека Асад е подгфотвен во својот говор да понуди „решение“ за завршување на крвавите судири.

Весникот, повикувајќи се на анонимен извор, пишува дека Асад, кој последен пат зборувал во јавност во јуни минатата година пред Парламентот во Дамаск, би можел да изнесе план од пет точки, кој нема да го спречи да се кандидира на следните претседателски избори, кога истекува неговиот мандат во 2014 година.

Планот, наводно, предлага и прекин на огнот, кој би го надгледувале меѓународни набљудувачи, како и дозвола за конститутивното собрание да подготви предлог нов устав, да формира национална влада и да се одржат слободни парламентарни избори, наведува „Ал Акбар“.

За време на својата последна посета на Дамаск, мировниот пратеник на ОН и Арапската лига Лахдар Брахими го спомена овој план, заснован врз Женевската декларација, во кој се зборува за примирје, формирање влада и одржување парламентарни и претседателски избори.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град