Асад: Доколку Турција престане да пропушта борци и оружје на границата, конфликтот во Сирија ќе заврши за две недели

Од:

Доколку Турција престане да пропушта преку својата граница борци и оружје, конфликтот во Сирија ќе заврши за само две недели,изјави претседателот Башар ал Асад на средба со делегација на арапската заедница во палатата Руада во Дамаск, наведува либанскиот весник „Ал Ахбар“.

Сирискиот лидер на своите гости им соопштил дека „вооружените сили на републиката ја повратиле иницијативата на теренот и постигнале коренит пресврт, што наскоро ќе стане очигледно“.

Сириската армија „на бандитските формации во изминатите 22 месеца од кризата не им дозволи целосно да завладеат со ниту една провинција“, подвлече Асад.

Според него, „полето за дејствување“ на бунтовниците се областите долж границите со Турција, Либан и Јордан, како и „неколку реони“ во околината на Дамаск, каде во моментов се изведува чистење на теренот.

Претседателот, исто така, изјави дека со поддршката за Сирија Русија „се заштитува себе си, а не владеачкиот режим во Дамаск“. Во однос на САД, Асад забележа дека во Вашингтон „и натаму не се подготвени за надминување на кризата“.

Истовремено со тоа тој ја поздрави одлуката на Стејт департментот на списокот на терористички организации да ја вклучи и екстремистичката група „Џебхат ан Нусра“ („Фронт на победата“), која војува против владините сили. Асад изјави дека „ова филијала на Ал каеда целосно ќе биде уништена во најскоро време“.

Асад на средбата јасно порачал дека Сирија ќе продолжи да соработува со специјалниот претставник на ОН и Арапската лига, Лахдар Брахими, и покрај тоа што за време на последните преговори алжирскиот дипломат се чини „се наоѓал под определено влијание на непријателската информативна кампања против Дамаск“.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град