Артман тврди дека Милошевиќ се убил во Хаг

Од:

Поранешната портпаролка на Обвинителството на Хашкиот трибунал, Флоренс Артман тврди дека поранешниот претседател на некогашна СРЈ и на Србија, Слободан Милошевиќ сам се труел со лекот „рифампицин“, со цел да си ја влоши здравствената состојба за да биде пуштен да се брани од слобода, а потоа да побегне во Русија.

Артман во интервју за хрватскиот неделник „Експрес“ истакна дека Милошевиќ сам се труел и оти лекот „некој му го доставувал“ во ќелијата.

Земајќи го тој лек, кој се користи за лекување лепра, Милошевиќ го поништил дејството на лекот за висок крвен притисок.

– Од тоа лесно можел да умре, но тоа не му била целта, туку само сакал да си ја влоши ситуацијата. Милошевиќ знаел што зема, бидејќи од тој лек урината е со сина боја и јасно е дека тоа секако го забележал, наведе таа.

Според Артман стратегијата на Милошевиќ била да ја избегне пресудата, со цел да не биде запаметен во историјата како претседател на држава одговорен за геноцид.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

Ана Ололовска