Аргентинскиот претседател ја прими вакцината „Спутник V“

Од:

Аргентинскиот претседател Алберто Фернандез денеска ја прими руската вакцина „Спутник V“ против коронавирусот.

Фернандез (61) беше вакциниран еден ден откако аргентинската агенција за лекови ја одобри руската вакцина за употреба.

Тој на Твитер му се заблагодари на рускиот институт Гамалеја, кој ја разви вакцината, како и на здравствените работници во земјата за нивната посветеност.

Аргентина доби 600.000 дози руска вакцина, а нова испорака се очекува на крајот на јануари и во февруари. Исто така, ја одобри употребата на вакцината на АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд и договори купување на 22 милиони дози.

Досега во Аргентина од Ковид-19 починале 45.000 луѓе, а повеќе од 1,8 милиони луѓе биле заразени.

Би можело да ве интересира

Најмалку 60 демонстранти се повредени на протестите во Буенос Аирес, полиција употребила гумени куршуми и солзавец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

Свештеник e обвинет за убиство и тортура во Аргентина, Италија не сака да го екстрадира

Милеи отпушта 5.000 владини службеници: Протестите нема да го премислат

А1он

Во Уругвај и Аргентина: 16 загинати во силно невреме

ВИДЕО: Силно невреме погоди крајбрежен град во Аргентина, најмалку 13 загинати

Катерина Ѓуровски