(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

Од:

Десетици луѓе се повредени во Буенос Аирес во полициските судири со учесниците на протестите против економските реформи на новоизбраниот десничарски претседател Хавиер Милај, јавуваат аргентинските медиуми. Федералната полиција употребила гумени куршуми, солзавец и физичка сила. Најмалку 60 демонстранти се повредени, а еден од нив, адвокат за човекови права, може да изгуби око, според агенцијата.

Долниот дом на аргентинскиот парламент во петокот, по неколкудневна дебата, го усвои предлогот за реформи на претседателот Хавиер Милај.

За усвојување на реформскиот пакет мерки гласале 144 пратеници, а против биле 109.

Неопходно е пакетот реформи да биде ратификуван во Сенатот на Аргентина, каде поединечно ќе се гласа за секоја од точките од пакетот.

Доколку се ратификуваат од Сенатот, реформите ќе овозможат отпуштања без оправдување и драстично намалени отпремнини, укинување на задолжителната плата за прекувремена работа и паричните казни за компаниите кои нема да платат придонеси, наведува Ројтерс.

Милеј се стреми да има ограничени права на штрајк и породилно отсуство, па според новите правила, бремените жени би можеле да отсуствуваат од работа само 10 дена пред породувањето, наместо 45, како што предвидува сегашниот закон.

Реформите би ја ограничиле работата на синдикатите, а прекините на работата во таканаречените клучни индустрии, како што се здравството, енергетиката и телекомуникациите, би биле незаконски доколку не се обезбедат минимум 75 отсто од производството или услугите.

Помалку суштинските индустрии вклучуваат, меѓу другото, радио, телевизија, банкарство и финансии, каде што мора да се исполни 50 отсто од обемот на работа за прекинот на работа да се смета за легален.

Милеј тврди дека клучните реформи се насочени кон намалување на трошоците и зголемување на државните приходи за да се помогне во исполнувањето на овогодинешната главна цел за нула дефицит, бидејќи владата има за цел да ги намали високите долгови и инфлацијата што надминува 200 проценти.

Би можело да ве интересира

Исекоа шума во Аргентина, папагалите се спуштија во градот, гризат кабли, ги излудуваат луѓето

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Вучиќ: Милиони се уфрлени во Србија со цел да се дестабилизира државата и да ме соборат

Предраг Петровиќ