Арапската лига ќе претстави нацрт резолуција до СБ на ОН за Палестина

Од:

Министрите за надворешни работи на Арапската лига на предлог на палестинскиот претседател Махмуд Абас, на денешната вонредна седница постигнаа договор до Советот за безбедност на ОН формално да претстават нацрт резолуција со која се одредува временска рамка за создавање на палестинска држава.

На состанокот, исто така, беше отфрлен предлогот за признавање на Израел како национална држава на Евреите, за што израелскиот Кнесет треба да гласа на 3 декември.

Министрите формираа комитет во кој се Кувајт, Мавританија, Јордан и шефот на Арапската лига Набил ал Араби, што ќе лобираат за меѓународна поддршка на револуцијата за палестинска држава.

Во соопштението на министрите од Арапската лига не се наведува кога ќе биде претставена резолуцијата, но според анонимен дипломат тоа може да биде извршено во следните денови со посредство на Јордан, што моментално е член на СБ на ОН.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа