Арапската лига ја призна либиската Влада за национално единство

Од:

Арапската лига ја призна либиската Влада на национално единство, информира телевизијата „Ал Арабија“, цитирана од ТАСС.

Организацијата го одобри учеството на министерот за надворешни работи на оваа Влада, Мохамед ат Тахер Сајал, во својство на либиски претставник на заседанијата на шефовите на дипломатиите на државите членки на Арапската лига.

Истовремено, меѓународно признатиот „источен“ владин кабинет во Тобрук, на чело со Абдула Абдурахман ат Тани, жестоко ја осуди одлуката на Арапската лига. Во писмо на Владата од Тобрук до генералниот секретар на организацијата, Набил ал Араби, се посочува дека ваквата иницијатива „служи за поделби во либиските редови и може да има опасни последици за земјата“.

На 14 февруари, со поддршката на меѓународната заедница во мароканскиот град Схират беше формирана владата на национално единство, со седиште во Триполи.

Во меѓувреме во Либија и натаму дејствуваат меѓународно признататиот „источен“ владин кабинет во Тобрук, како и самопрогласената Влада на Халифа ал Гвејл, поддржана од происламскиот Сеопшт национален конгрес (поранешен привремен Парламент). Дел од земјата се наоѓа под контрола на радикални исламисти, вклучувајќи и членови на Исламска држава.

Би можело да ве интересира

Зеленски ги повика членовите на Арапската лига да го поддржат неговиот мировен план

Ана Ололовска

Вонреден состанок на Арапската лига поради плановите на Израел за Западниот Брег

А1он

Арапската лига и Палестинците го отфрлија мировниот план на Трамп

Арапската лига на вонреден состанок в сабота во врска со турската офанзива

Ана Ололовска

Арапската лига најави резолуција во СБ на ОН поради Голанската Висорамнина

Ана Ололовска

Арапската лига го отфрли давањето на Трамп израелски суверенитет врз Голанската висорамнина