Арапската лига најави резолуција во СБ на ОН поради Голанската Висорамнина

Од:

Арапската лига на самитот во Тунис најави дека во Советот за безбедност на ОН ќе предложи нацрт резолуција со која ќе се осуди американското признавање на израелскиот суверенитет врз сириската Голанска Висорамнина.

Претставници на 22 држави во Арапската лига во заедничко соопштение после самитот истакнаа и дека од Меѓународниот суд за правда ќе побараат оценка за „нелегалноста и нелегитимноста на американското признавање“ на Голанската Висорамнина како израелска територија.

Претставниците на Арапската лига во соопштението ја осудија изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека би требало да се признае израелскиот суверенитет над Голанската Висорамнина, како и неговата минатогодишна одлука да го признае Ерусалим како главен град на Израел.

На вчерашниот самит на Лигата отфрлени се и други ставови на администрацијата на Трамп, кои се наречени неправедни и премногу наклонети кон Израел.

Овие територии Израел ги окупира во војната во 1967 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел