Вонреден состанок на Арапската лига поради плановите на Израел за Западниот Брег

Од:

Арапската лига закажа вонредна виртуелна средба в четврток на која ќе се разговара за спротивставувањето на плановите на Израел за анексија на делови од окупираниот Западен Брег.

Невообичаената средба, закажана на барање на палестинското раководство, ќе ги собере арапските министри за надворешни работи преку видео конференција поради пандемијата.

Заменик генералниот секретар на Арапската лига, Хосам Заки, најави дека министрите „ќе разговараат за обезбедување политичка, правна и финансиска помош на палестинското раководство за да се спротивстават на плановите на Израел“.

Средбата е закажана откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот политички ривал, Бени Ганц, потпишаа договор за вонредна влада на единство, што може да ги забрза плановите на Нетанјаху да почне со анексија на делови од Западниот брег уште на 1 јули.

Би можело да ве интересира

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск