Шефовите на државите на земјите од Арапската лига на самитот во Египет се согласија да формираат здружена воена сила, која пред се ќе се бори со терористичките групи, изјави денеска египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси.
Заедничката воена сила треба да се спротивстави на се поголемите безбедносни закани во регионот, се наведува во нацрт-декларацијата од самитот.
Разработката на механизмите и логистиката на регионалната воена сила, идеја која ја иницираше Ал Сиси, би можеле да траат неколку месеци.
Во нацрт-документот воената сила на АИ се дефинира како доброволна, што значи дека од ниту една земја нема да се бара учество.
Од самитот исто така ќе биде упатен повик до борците на шиитските бунтовници во Јемен да ја напуштат Сана и да им го предадат оружјето на легитимните јеменски власти.