Апатурај: Во Украина има експерти на НАТО, но тие не учествуваат во борбените дејствија

Од:

Во Украина има експерти на НАТО, но тие само помагаат во спроведување на институционалните реформи во областа на безбедноста и не учествуваат во борбените дејствија во источна Украина, изјавиза ТАСС помошник генералниот секретар на Алијансата Џејмс Апатурај.

Апатурај ги коментираше информациите  во медиумите за учеството на борци кои зборуваат англиски јазик во вооружените активности во источна Украина во редовите на владините сили.

– Не е тешко низ светот да најдете човек кој зборува англиски јазик, забележа Апатурај. „Во пракса ние во Украина имаме експерти, но немаме никаков персонал во источна Украина, никаков персонал кој ќе дава совети за изведување борбени операции или да дејствува во нивното реализирање“, изјави тој.

Советниците на НАТО во Украина и помагаат на земјата да ги обнови своите структури во областа на одбраната и безбедноста, додаде помошник генералниот секретар.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата