Антрополози од светот со петиција против израелското кршење меѓународно право

Од:

Повеќе од 500 антрополози од цел свет потпишаа петиција во која изразуваат „спротиставување заради израелското кршење на палестинските права, вклучувајќи и воена окупација врз Појасот Газа, Западниот Брег и Источен Ерусалим“, објавија денеска израелски медиуми.

Потписниците на петицијата меѓу кои и антополози од Јејл, Харвард и Принстон, најавија бојкот на израелските академски институции „кои се соучесници во тоа кршење“.

Потписниците се обврзуваат дека нема да соработуваат на проекти финансирани од израелски академски институции, нема да предаваат, ниту да присуствуваат на конференции на такви институции и нема да објавуваат научни трудови во израелски публикации.

– Неодаменшниот израелски воен напад врз Појасот Газа само е потсетување дека светските влади и главните медиуми не сметаат дека Израел е одговорен за кршење на меѓународното право. Како заедница на научници…имаме морална одговорност да истакнеме и бараме одговорност од Израел и нашите сопствени влади, се вели во петицијата.

Потписниците се обврзуваат да истрајат на своите барања се додека не се оствари нивното барање – да се прекине опсадата врз Газа, окупацијата и колонизацијата на сите арапски држави окупирани во јуни 1967 година, да се растурат населбите и ѕидовите, да се признае фундаменталното право на арапско-палестинските граѓани во Израел и бедуини во Нагев до целосна еднаквост и да се штитат и почитуваат и унапредат правата на палестинските бегалци да се вратат во своите домови и на свој имот предвидено со Резолуција 194 на ОН.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски