Антивладини протести во Алжир

Од:

Во Алжир денеска продолжија антивладините протести, а во истоимениот главен град се собраа повеќе стотина студенти со барање актуелниот претседател Абделазиз Бутефлика да не се кандидира повторно на изборите закажани на 18 април.

Студентите извикуваа „Не за петти мандат“.

Протестите почнаа пред десет дена кога Алжирците побараа 82-годишниот Бутефлика да поднесе оставка од функцијата.

Тој се уште не поднел официјална кандидатура, иако рокот за тоа истекува денеска.

Бутефлика, кој е претседател на Алжир од 1999 година, во 2013 година имаше мозочен удар и оттогаш само неколку пати се појавил во јавност, а говор нема одржано со години.

Неговите политички ривали тврдат дека нема докази оти Бутефлика е здравствено способен да ја води државата и дека тоа во негово име го прават неговите советници.

Телевизијата Ал Мајден вчера објави дека Бутефлика е хоспитализиран во тешка здраствена состојба во Женевската универзитертска болница. Тој во бессознание бил донесен со авион во Швајцарија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Боксерката Келиф во неочекувано издание: Со објава го возвраќа ударот

Предраг Петровиќ

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

Се зголемува бројот на загинати во пожарите во Алжир, земјата е под „напад“ на топлотен бран

Во Алжир падна снег

Горан Наумовски

Седумнаесет загинати во три инциденти со истекување гас во Алжир

Ана Ололовска

„Фајненшл тајмс“: Словенија планира да изгради гасовод до Унгарија за алжирски плин

А1он