Англиската одбранбена лига демантира дека таа врши напади врз муслиманите

Од:

Лидерот на десничарската Англиска одбранбена лига (ЕДЛ),Томи Робинсон денеска ги отфрли како сосема неточни тврдењата дека Лигата стои зад неколкуте напади врз муслиманите во Велика Британија и врз објектите во кои тие се собираат.

Во интервјуза радио Би-Би-Си, Робинсон ги осуди сите досегашни напади, инсистирајќи дека антимуслиманските пароли, испишани на ѕидовите на опожарената џамија во Лондон, во која се собираа сомалиски имигранти, им се подметнуваат на активистите на ЕДЛ од некој друг.

– Некој се обидува сите овие инциденти нам да ни ги припишем, вели Робинсон. Тој осуди и некои поранешни нападите во кои учествувале активисти и приврзеници на оваа организација, објаснувајќи дека Лигата се залага за одржување мирни протестни маршови низ англиските градови.

Лидерот на Англиската одбранбена лига за прв пат посочи три цели за кои се залага организацијата.Тоа се создавање на владина стратегија за елиминирање на исламскиот екстрамизам во Велика Британија, муслиманската заедница самата да преземе сериозни мерки за елиминирање на екстремизмот, како и отворање искрена и чесна дебата за прашањето со исламскиот екстремизам.

ЕДЛ организираше повеќе маршеви низ земјата по бруталното убиство на британскиот војник Ли Ригби од двајца млади исламистички екстремисти. Според лидерот на Лигата Томи Робинсон, во домашната јавност и меѓу „обичните луѓе“, постои голем гнев по ова убиство.

Наместо што не нарекуваат расисти и фашисти, би требало да се работи на запирање со регрутацијата на млади исламистички екстремисти по британските улици, како и за елиминирање на делувањето на шеријатското право во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во Саутемптон, клубот го одложи вечерашниот натпревар

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Во Норфолк: Четиричлено семејство пронајдено мртво, таткото и мајката се прободени во вратот

Горан Наумовски

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он