Анализа: Прекинот на интернет скапо ги чини афричките земји

Од:

Одлуките за исклучуавње на пристапот до интернет ја чинат субсахарска Африка околу 237 милиони од 2015 година досега, се нагласува во анализа објавена денеска во момент кога властите во африкански држави зголемено ја користат таа мерка.

Најмалку 12 држави вовеле прекин на интернет, најчесто пред избори или кога се засилуваат протести, додека мобилните мрежи беа исклучени неодамна во Того за време на демонстрации на опозицијата.

– Прекинот на интернетот го поткопува економскиот развој, еродира бизнис доверба и го зголемува ризикот на државата, се нагласува во извештај на ЦИПЕСА – (Collaboration on International ICT Policy for East and Southern Africa).

– Владите во Африка треба да се откажат од наредби за исклучување интернет, наведува таа органзиација.

Во извештајот се вели дека за 36 денови во 2015 година кога во Етиопија бил исклучен интернетот државата загубила 123 милиони долари. Во Камерун за 93 денови исклучен интернет биле загубени 38 милиони долари додека во Кенија исклучувањето пристап до интернет може да чини 6,3 милиони доилари дневно.

Интернет беше прекинат за време на национални вежби во Етиопија, за време на изборите во Чад, Габон и Уганда и за време на протести во ДР Конго, Бурунди, Етиопија и Того.

Во извештајот се вели дека на најразлични начини од 2015 година досега интернетот бил во прекин 236 денови. Во Камерун владата воведе 93-дневно исклучување од пристепот до интернет по протести за автономија или независност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нереални сцени: Во Африка падна снег

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска