Анализа: Од шверцот со цигари на Блискиот Исток заработуваат и тираните и терористите

Од:

Незаконската трговија со ниско квалитени нецаринети цигари во источниот Медитеран се изведува од сложена мрежа на производители, шверцери и продавачи и им носи заработка, како на терористите, мѓеи кои и оние од Исламската држава, така и на семејството на сирискиот претседател Башар ал Асад, наведува американската невладина организација „Центар за меѓународна поморска безбедност“ во статијата под наслов “Терористи, тирани и тутун: како незаконската трговија со цигари ја потхранува нестабилноста на Блискиот исток“.

Овие неквалитетни цигари често пати евтино се произведуваат во источна Европа, заобиколувајќи ги безбедносните барања на ЕУ, тврди Центарот.

Марките цигари, како „Престиж“ и „Виктори“, се товарат во контејнери и потоа на бродови во Бугарија, што поаѓаат од Црно Море и преку Босфор и заминуваат за Егејско Море. Од таму некои од шверцуваните пратки стигнуваат до Сирија, а други продолжуваат до Црвено Море и Персискиот залив. Цигарите што доаѓаат до Заливот веројатно продолжуваат кон Ирак и Турција. Во источниот Медитеран многу од нив се растовараат во сириското пристаниште Латакија. Распространетата мрежа за шврц на цигари во западна Сирија ја контролира семејството на Асад и таа му носи голема заработка, заобиколувајќи ги серијата меѓународни санкции против сирискиот режим, се истакнува во статијата.

По пристигнувањето во пристаништето во Латакија цигарите минуваат преку складиште и дистрибутивни пунктови од крајбрежните зони во западна Сирија што ги контролира Асад, кон пунктови во близина на турската граница, што понекогаш се под контрола на шверцери поврзани со Исламската држава. Евтините цигари во Сирија се продаваат  по многу повисоки цени или се шверцуваат во јужна Турција, тврди Центарот.

Во типичната манифестација на џихадистичкоот лицемерие, Исламскате држава повремено јавно гори пратки со цигари, за да покаже дека го почитува шеријатот, иако истовремено продолжува да заработува од шверцот во Турција. Шверцот со цигари е важен дел од нивното финансирање, што исто така доаѓа и од шверцот со оружје и продажба на крадена нафта, пишува во статијата на невладината органзиација.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град