„Амнести интернешнл“: ОН да ги испита условите во затворенички камп во Северна Кореја

Од:

Северна Кореја постави „периметар на безбедност“ околу еден од камповите за политички затвореници, ограничувајќи го движењето во соседните населени места, што се вбројува во општата слика за репресиите против народот, алармира организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешнл“.

Се претпоставува дека во мрежата од кампови за политички затвореници во Северна Кореја се задржани најмалку 200 илјади лица и оти во тие објекти се променуват тортури, измачувања, егзекуции и принудна работа.

Анализите на најновите сателитски снимки на регионот околу кампот 14 во близина на Кесон, покажуваат дека властите ги зајакнувата границите меѓу оние кои престојуваат во кампот и жителите на околните населени места. На снимките се гледаат нови контролни пунктови, нови згради и нови кули за набљудување.

– Тие нови објекти говорат за затегнување на контролата на движењето на локалното население. Тоа ја зголемува тревогата за идните намери на режимот против тоа населението, нагласи АИ.

Организацијата ги повика ОН да формираат итно комсија, која ќе ги истражи условите во камповите и тешките и систематски нарушувања на човековите права во Северна Кореја.

Според податоците на АИ стотици илјади Севернокорејци, меѓу кои и деца, се држени во затворенички кампови и други центри за приведување. Голем број од нив не извршиле никакви злосторства и се таму поради тоа што се во роднински односи со „непријателите на режимот“.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство