„Амнести интернешенел“ ги осуди нападите на сириската армија на Алепо

Од:

„Амнести интернешенел“ ги осуди нападите на сириската армија врз Алепо, кој делумно е под контрола на бунтовниците, повикувајќи се на сателитски снимки, кои покажуваат користење тешко оружје врз станбени комплекси.

Снимките покажуваат над 600 кратери во Алепо и малиот соседен град Анадан, формирани од артилериски гранати, и се доказ за насилството во вториот по големина град, распореден во северозападниот дел на земјата во близина до турската граница.

„Амнести интернешенел“ испраќа јасна порака и до двете страни: секој напад врз цивили ќе биде документиран, така што извршителите ќе одговараат“, изјави Кристоф Котл од организацијата.

Снимките од 31 јули покажуваат кратери од гранати во близина до станбената зона на Анадан.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град