Американскиот претседател гледа просперитетна иднина за САД

Од:

Со две години преостанати во мандатот, Барак Обама се фокусира на подобрување на животот на средната класа, објавува Гласот на Америка. 

„Нашата економија расте и креира работни места со најбрзо темпо од 1999. Невработеноста е пониска од времето пред финансиската криза. Повеќе наши деца дипломираат од кога било порано, повеќе наши луѓе се осигурени од кога било порано. Ослободени сме од зависноста на странска нафта како што не било 30 години“

Сенката на кризата помина. Нашата Унија е силна“, беше неговата порака до присутните и до милионите гледачи дома.

Ова беше претседател кој изгледаше како да се обраќа во Конгрес каде штотуку победила неговата партија во двата дома, а не обратно – дека е претседател на малцинска партија во двата дома.

Од сите идеи, предлози, програми и примери што претседателот ги даде во неговото шесто обраќање пред овој форум, заеднички именител беше намерата Америка да ја направи подобро место за живеење за средната класа. Како да им се помогне на работничките семејства, да се чувствуваат посигурни во светот на постојани промени, рече тој, ако не преку овозможување на грижа за децата, колеџ, здравствена заштита и пензионирање.

Претседателот побара од Конгресот да му даде авторизација за употреба на сила против Исламската држава. Зборуваше за Русија како стои изолирана, со економија што опаѓа, наспроти Америка обединета со своите сојузници и силна. За потенцијалот на променетата политика спрема Куба. За американската дипломатија што функционира подобро отколку усвоените нови санкции од Конгресот.

Американците слушнаа многу прогресивни, многу либерални иницијативи од нивниот претседател вечерва, а ќе слушнат повеќе од истото и лично, на неговата турнеја низ државата што почнува практично веднаш.

Но, дали ваквиот агресивен настап на претседателот дополнително ќе ја затруе политичката сцена или ќе ги намали шансите да дојде до договор со републиканците за нешто што биде трајно постигнување? Можеби, но може и не, зашто републиканците има веројатност дека ќе сакаат да работат со него – кога е во нивни интерес. Приближувањето на новите претседателски избори во 2016-та се силен мотив за такво нешто.

Од сите идеи, предлози, програми и примери што претседателот ги даде во неговото шесто обраќање пред овој форум, заеднички именител беше намерата Америка да ја направи подобро место за живеење за средната класа. Како да им се помогне на работничките семејства, да се чувствуваат посигурни во светот на постојани промени, рече тој, ако не преку овозможување на грижа за децата, колеџ, здравствена заштита и пензионирање.

Претседателот побара од Конгресот да му даде авторизација за употреба на сила против Исламската држава. Зборуваше за Русија како стои изолирана, со економија што опаѓа, наспроти Америка обединета со своите сојузници и силна. За потенцијалот на променетата политика спрема Куба. За американската дипломатија што функционира подобро отколку усвоените нови санкции од Конгресот.

Но, дали ваквиот агресивен настап на Претседателот дополнително ќе ја затруе политичката сцена или ќе ги намали шансите да дојде до договор со републиканците за нешто што биде трајно постигнување? Можеби, но може и не, зашто републиканците има веројатност дека ќе сакаат да работат со него – кога е во нивни интерес. Приближувањето на новите претседателски избори во 2016-та се силен мотив за такво нешто.

По традиција, откако претседателот заврши и си го проби патот до излезот, дојде одговорот од Републиканската партија. Но, далеку од традицијата, честа да одговори, овој пат и` беше дадена на сенаторката Џони Ернст, од Ајова, на оваа функција само две недели, која проби и друга бариера – станувајќи и прва жена во оваа улога.

Таа вети дека нејзината партија ќе се бори за укинување на законот за здравствена заштита на претседателот, дека ќе гласа против зголемувањето на даноците предложени од претседателот, против абортусот и за контроверзниот нафтовод, и дека нејзините сопартијци ќе нудат нови идеи за Вашингтон повторно да почне да функционира.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница

САД: Четири лица се повредени кога мал авион паднал во двор на куќа во Денвер

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

Орце Костов

Уапсен актер откако силувал и малтретирал девојка: Му се заканува доживотен затвор

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени