Американски туристи во Рим повикале полиција поради висока сметка во слаткарница

Од:

Американска брачна двојка побарала интервенција на италијанската полиција,револтирани од превисока сметка во слаткарница,во Рим.

За три сладоледи и за литар обична вода,тие морале да платат 42 евра,или по 13 евра за еден сладолед.

Американците сметаат дека тоа е „недозволиво и неоправдано скапо“ особено што претходно,за ручек,во кој имало и литар италијанско вино платиле,како што велат,сосема прифатливи 59 евра.

– Не може еден ручек да чини,безмалку колку и сметката во една слаткарница, изјавил за римските медиуми револтираниот Американец. Тој рекол дека шетајќи низ Рим,тој и неговата сопруга,постојано вимавале да не станат жртва на локалните џепчии,но дека на крајот, сепак, биле „ограбени“ кога најмалку се надевале – од сопственикот на слаткарницата.

Американските туристи, прво одбивале да ја платат сметката и почнале да се расправаат.Подоцна го платиле трошокот и си заминале. Но, следниот ден се вратиле во истата слаткарница,носејќи со себе двајца полицајци од кои побарале заштита од „грабливите“ слаткари.

Полицајците го испитувале инцидентот,па од сопственикот го побарале ценовникот.Кога утврдиле дека сладоледот навистина чини 13 евра,си заминале, без да покренат било каква постапка.

Минатото лето,градоначалникот на Рим им се извини на група британски туристи кои биле револтирани што за еден сладолед,во слаткарница покрај „Шпанските скали“ платиле 18 евра. Сопственикот на слаткарницата,за чии цени годинава, реагираше американската брачна двојка,доведувајќи полиција,меѓутоа,се лути на странските туристи.

– Јас на сите странски гости им го нудам ценовникот,за да ги видат цените,пред да нарачаат,но речиси никој не го прави тоа,па потоа настануваат проблеми, изјави овој човек.

Малкумина од туристите знаат дека цените на кафето,или на следоледот во римските кафулиња, се разликуваат и се прилично поскапи,доколку се користи маса.Тоа римјаните го знаат,па тие, во најголем број случаи, кога ќе се најдат околу локациите на кои се собираат странски туристи,кафето го пијат стоејќи.

Би можело да ве интересира

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ