Американската војска загрижена за префрлањето на рускиот ракетен систем С-400 во Сирија

Од:

Одлуката на  Русија во својата база во Сирија да го распореди најмодерниот противавионски ракетен систем С-400 предизвика „значајна загриженост“ кај американската војска, информираа официјални американски претставници.

Неименуван американски претставник за француските медиуми кажа дека овој систем „за секого претставува значајна закана“.

– Постои значајна загриженост што се однесува до воздушните операции во Сирија, наведе овој претставник.

С-400 имаат дострел од околу 400 километри, што значи дека може да продре длабоко на турска територија или може да претставува и потенцијална закана за авионите од  коалицијата, предводена од САД.

Москва најави дека во Сирија ќе го испрати својот најмодерен противавионски ракетен систем С-400, откако во вторникот турски ловци соборија руски воен авион на турско-сириската граница. Овој систем ќе биде распореден во базата Хмејмим.

Базата Хмејмим се наоѓа на подрачјето што го контролираат силите на сириската војска, а Русија ја користи за полетување на своите бомбардери кои одат во акции на уништување цели на Исламска држава во Сирија.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува