Американската амбасада во Исламабад соопшти дека добила информации за можни терористички напади во пакистанскиот главен град кон крајот на месецов.
Дипломатското претставништво ги предупреди американските државјани да избегнуваат собири на јавни места за време на божиќните и новогодишните празници.
– Можни цели на напади се храмови и трговски центри, се наведува во соопштението на Амбасадата, без да открива повеќе детали за информацијата.