Американец му се заканувал на американскиот амбасадор во Србија поради виза

Од:

Полицијата во Чикаго уапси Американец, кој се заканувал дека ќе го убие американскиот амбасадор во Србија, поради тоа што неговата сопруга, српска државјанка, не добила виза за подолг престој.

Канцеларијата на американскиот обвинител соопшти дека Расел К. Гордон (48) е уапсен во неговиот дом во саботата, откако се заканил дека ќе го убие амбасадорот и ќе отвори оган кон Србите во Чикаго, јави Танјуг.

Во соопштението се наведува дека Гордон живеел во Србија од 1996 до 2012 година, каде се оженил со Србинка, која има дете со српски државјанин. Старателството врз детето му е доделено на биолошкиот татко во 2012 година.

Гордон во февруари почнал да испраќа заканувачки пораки до американскиот Конзулат во Белград.

Неговата сопруга барала виза за да отпатува за САД, а во петокот била во конзулатот и изјавила дека нејзиниот сопруг планира да пука кон српски државјани во Чикаго.

Сопругата потоа го информирала шефот на конзулатот дека Гордон се разлутил кога слушнал дека таа ќе добие виза за само две недели и се заканил дека ќе го убие американскиот амбасадор во Србија и неговото семејство, по што Гордон е уапсен, пишува „Чикаго трибјун“.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски