Амбасадорот на Сахарави повика на прекин на мароканската окупација на Западна Сахара

Од:

Амбасадорот на народот Сахарави во Алжир, Брахим Гали изјави дека антиколонијалните протести од 11 Декември 1960 година. ќе останат најголема инспирација за народот Сахарави кои се уште се борат за самостојност и територијална независност.

Тој повика на “вложување поголеми напори за да се стави крај на мароканското кршење на човековите права во окупираните територии на Западна Африка” и додаде дека е време припадниците на народот Сахарави кои веруваат во победа да “ги поддржат напорите за постигнување на територијална независност.”

Им изрази поддршка на политичките затвореници во Мароко особено на групата Gdaim Izik која ги повика Обединетите нации да започнат независна истрага за наводните злосторства извршени над припадниците на народот Сахарави извршени од страна на Мароко, при рушење на нивниот камп.

Кампот Gdaim Izik е протестен логор воспоставен кон крајот на 2010. година, спорните инциденти беа предизвикани кога мароканската армија го урна, а демонстрантите беа растерани. Ноам Чомски го опиша формирањето и уништувањето на кампот Gdaim Izik на почетокот на Арапската пролет.

Алжирскиот комитет за солидарност со народот Сахарави, во соработка со Амбасадата на Сахарави организираше Ден на солидарноста поврзан со прашањето за народот на Сахарави кој се совпадна со годишнината од анти француските демонстрации во 1960 година.

Би можело да ве интересира

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

Се зголемува бројот на загинати во пожарите во Алжир, земјата е под „напад“ на топлотен бран

Во Алжир падна снег

Горан Наумовски

Седумнаесет загинати во три инциденти со истекување гас во Алжир

Ана Ололовска

„Фајненшл тајмс“: Словенија планира да изгради гасовод до Унгарија за алжирски плин

А1он

Алжир осуди 49 лица на смртни казни поради линч на лажно обвинет за шумските пожари